Супер-засилување: Џермејн Дефо во нападот на Глазгов ренџерс

Глазгов ренџерс е многу сериозен ривал на Селтик во трката за титулата во Шкотска, а Стивен Џерард донесе свој поранешен соиграч од англиската репрезентација како супер-засилување за вториот дел од сезонава. Станува збор за Џермејн Дефо, кој денеска и официјално потпиша договор со ренџерси на 18 месеци, на позајмица од редовите на Бурменаут.

„Пресреќен сум што можам да му посакам добредојде на Џермејн во нашиот клуб. Тој е исклучително талентиран напаѓач, играч со богато искуство кој постигнувал важни голови за секој тим за кој настапувал. Не се сомневам дека ќе биде големо засилување за нашиот тим, како од играчки аспект така и за уште поголемо подобрување на атмосферата во екипата“ – изјави Џерард по потписот на договорот со Дефо.

Џермејн Дефо не ја доби посакуваната минутажа во Бурнемаут и на крајот реши да си замине од овој клуб, прифаќајќи ја понудата на Глазгов ренџерс да се обиде да му помогне на овој тим во битката за титулата.

Се вчитува...