Гостивар покажа дека со сериозни амбиции ќе влезе во новата второлигашка сезона откако денеска потпиша договор со Христијан Кировски. Станува збор за проверен голгетер кој со години наназад имаше успешни настапи во прволигашка конкуренција, ланската сезона ја мина во дресот на Струга ТЛ, а претходно настапуваше и за Македонија ЃП, Шкендија, Работнички… за летово од неколкуте понуди да ја прифати онаа на Гостивар.
„Среќен сум што сум овде. Добро се запознав со стручниот штаб, со условите што ги нуди клубот и се чувствувам добро. Ќе работам напорно и ќе дадам се од себе за овој тим. Им благодарам на челниците на Гостивар за укажаната доверба, слушам дека навивачите на овој клуб се извонредни. Со нивната поддршка ќе се адаптирам уште побрзо и ќе помогнам да ја оствариме зацртаната цел – пласман во Првата лига“, изјави Кировски по потписот на договорот со гостиварци.
Гостивар ја заврши минатата второлигашка сезона на петтото место, но овој клуб со ангажманот на Кировски јасно става до знаење дека со многу поголеми амбиции ќе влезе во новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА