Партизан продолжува со ангажирањето на врвни засилувања за наредната сезона, во која тимот на Жељко Обрадовиќ се враќа во Евролигата, а истовремено ќе ја нападне и титулата во АБА-лигата. Нов играч на белградските „црно-бели“ е грчкиот репрезентативец Јоанис Папапетру, кој потпиша договор со Партизан по заминувањето од Панатинаикос.
За услугите на Папапетру се интересираа и Фенербахче и Басконија, но факторот Жељко Обрадовиќ беше пресуден за овој играч да го избере токму Белград за нова дестинација во кариерата. Овој крилен кошаркар има зад себе деветгодишно искуство во Евролигата, период во кој бележеше просек од 12,8 поени и 3,7 скокови по натпревар.
Папапетру е четвртото засилување на Партизан летово, откако претходно беа ангажирани Данило Анѓушиќ, Данте Егзум и Џејмс Нанели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА