Црвена звезда донесе огромно засилување за центарската позиција откако по две години пауза го врати назад во Белград германскиот репрезентативец Мајк Цирбес.
Импресивниот центар одигра две одлични сезони од 2014 до 2016 година, носејќи им две титули во АБА-лигата, истовремено бележејќи и низа одлични настапи во Евролигата.
„Мајк Цирбес е старо-нов член на Црвена ззвезда. Со враќањето на Цирбес добиваме дополнителна цвстина и квалитет во рекетот, но и играч на кој какоо странец нема да му биде потребна дополнителна адаптација бидејќи знае што значи да се носи црвено-белиот дрес“ – се вели во соопштението на вицешампионот на АБА-лигата.
„Црвено-белите“ пред неколку дена го промовираа Милан Томиќ во нов шеф на стручниот штаб, а пред Цирбес беа потпишани договори со Били Барон и со Душан Ристиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА