Младинскиот репрезентативец Кристијан Ацковски е второто засилување за Брегалница во јануарскиот преоден рок. „Сините“ добиваат огромно засилување за средниот ред во името на 21-годишниот Ацковски кој доаѓа од редовите на Работнички.
Ацковски изминативе две сезони беше стандарден член на првиот тим на Работнички. Изминатава полусезона одигра 17 натпревари за Работнички, но по завршувањето на договорот со „романтичарите“, и покрај бројните понуди за продолжување на кариерата во странство, се одлучи да ја прифати онаа на Брегалница која без сомнение со него значително ја зголемува конкуренцијата во средниот ред.
Кристијан Ацковски е стандарден член и на младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година. Претходно во својата кариера има настапи и за велешки Борец, како позајмен фудбалер од Работнички.
Претходно Брегалница се засили и со 21-годишниот Дарко Додев од Силекс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА