Супер-засилување за Црвена Звезда

Црвена Звезда успеа да договори огромно засилување пред самиот крај на преодниот рок, комплетирајќи го трансферoт на Страхиња Ераковиќ од редовите на Зенит.

Станува збор за дефанзивец, поранешен фудбалер на Црвена Звезда кој во 2023 година беше продаден во Зенит за осум милиони евра. Тој две сезони беше незаменлив во одбранбената линија на рускиот гигант, но откако минутажата значајно му опадна сезонава Србинот самиот побара да се разгледа понудата за камбек во Црвена Звезда.

Двата клуба беа во интензивни преговори во изминатите десетина дена, за конечно да биде постигнат целосен договор. Ераковиќ се враќа во Белград и ќе настапува како позајмен играч за српскиот шампион, кој летово ќе има можност да го откупи неговиот договор за 3,5 милиони евра.

Зенит се согласил на ваква варијанта, но во договорот има и клаузула за 50% од следниот трансфер на Ераковиќ, кога тој нареден пат ќе си замине од Црвена Звезда.

Се вчитува...