Македонскот фудбалски репрезентативец Енис Барди постигна нов погодок во дресот на турскиот Трабзонспор, овојпат во натпревар од 14. коло во шампионатот на Турција на мечот против Анкарагучу.
Македонецот водство од 0-1 за својот тим донесе во 70. минута откако одлично ја затресе мрежата на противникот. Сепак, домаќините само четири минути подоцна стигнаа до израмнување на 1-1 од пенал преку Цигерчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

