Супербол септакл: Канзас и Филаделфија повторно за титула!

Најголемиот натпревар во сезоната на НФЛ носи реприза на епското финале од 2023 година! Ноќта на 9-ти и 10-ти февруари, Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс ќе се судрат во Супер Боул во Њу Орлеанс!

Ова ќе биде трето последователно финале за тимот на Патрик Махомес, кој ќе се обиде да стане првиот тим во историјата на НФЛ со три последователни титули. Од друга страна, Филаделфија влегува во финалето со одмазда, откако лани беше поразена во драматичен меч со резултат 38:35.

Двата тима стигнаа до Супербол со импресивни победи во нивните конференциски финалиња. Чифс во тесен дуел го совладаа Бафало Билс (32:29), додека Орлите ги декласираа Вашингтон Командерс со убедливи 55:23. Не очекува пресметка на две доминантни екипи, предводени од Махомес и Харц, со спектакуларно шоу и незаборавна атмосфера.

 

Се вчитува...