Улиците на Мајами „брујат“ од муабетите за влезници по цена од 5000 долари, повеќе од 150 милиони луѓе низ светот ќе гледаат, на теренот ќе биде веројатно еден од најдобрите играчи на денешницата и да не забораваме, шоу ќе имаат Џеј Ло и Шакира. Време е за Супербоул!
Во црвениот агол, Сан Франциско, освојувач на пет супербоул титули во 13 години во периодот на 1980те и на 1990-те. Сетете се на Џери Рајс, Џо Монтана и на Стив Јанг. Оттогаш – долг период на пауза. Минаа 25 години од последната Супербоул победа, на истиот стадиот во Мајами. Сан Франциско последен пат се појави на главната забава од крајот од НФЛ сезоната пред седум години и загуби од Балтимор Рејвенс.
Исто така во црвениот коренер (двете екипи носат црвени дресови), Канзас Сити за кој чекањето на Сан Франциско од 25 години изгледа како мала работа со оглед дека „чифс“ на титула чекаат цели 50 години. Затоа сосема е нормално што нивните навивачи комплетно го преплавија Мајами.
Секако не е фер Супербоул натпреварот да се сведе на два квотербека, но факт е дека играчите на оваа позиција најчесто блеснуваат во финалињата. Сепак, во дури 29 од 53 изднија на Супербоулот за МВП бил прогласен квотербек. Во Патрик Махомс, „чифс“ веројатно го имаат најдобриот квотербек во моментов. Тој беше МВП на минатата сеозна, а и оваа година е во одлична форма. Има само 24 години и ќе биде петтиот најмлад квотербек што ќе стратува на Супербоул.

Колин Каперинк беше квотребек кога 49-ките последен пат беа во финалето, оваа година надежите им се во некогашната замена на Том Брејди, момчето со холивудски изглед, Џими Гарополо. Махомес и Гарополо се играчи со комплетно различен пристап, чии вештини ќе бидат поуспешни, ќе покаже освојувањето на трофејот.
Финалистите се комплетно спортивставени и во тренерскиот пристап. Чифс ги води Енди Рид, има 61 година и речиси 30-годишно искуство во НФЛ. Во другиот агол е Кајл Шанахан, само 40 години, трета сезона како главен тренер и син на тренерот освојувач на супербоулот, Мајк Шанахан.

Она што секако е неизбежно за Супербоулот, најгледаниот телевизиски термин во светот и ТВ термин со најскапи рекалми вооопшо се паузите на полувремето. Годинава очекувањата се големи со оглед дека настап ќе имаат латино супеѕвездите, Џенфер Лопез и Шакира. Колку што ќе се зборува за освојувачот на Супербоулот, толку и ќе се раскажува за шоуто на две од најголемите ѕвезди на денешната музичка индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

