„Супербоул 56“ ги урива сите рекорди – 7 милиони долари за триесет секунди реклама

Од Серена Вилијамс, преку Гвинет Палтроу, Скарлет Јохансон до Линдзи Лохан. Тоа се само дел од познатите личности кои ќе се појават во рекламите во текот на „Супербоул 54“ во кој ќе се сретнат Лос Анџелес Ремс и Синсинати Бенглс.

Најскапата реклама ќе чини повеќе од било која претходно во историјата на американскиот броудкастинг. Триесет секунди ќе читан неверојатни седум милиони долари што е најголема цена во историјата на „Супербоул“. „Ен-Би-Си“ го распродаде комплетниот рекламен простор на своите платформи. Иако претпоставките беа дека пандемијата може да ги намали цените, тоа сепак не се случи.

Тоа значи дека половина минута реклама ќе чини два милиони повеќе од пред пет години. „Супербоул 54“ на програмата е ноќта меѓу недела и понеделник, половина час по полноќ, а ќе се игра на „Со-фај“ стадионот во Лос Анџелес на кој токму домаќини се Ремс.

Се вчитува...