Американскиот спортски свет е во еуфорија, но секоја година се повеќе фанови НФЛ има и во Европа и во останатиот дел од светот. Вечерва, по полноќ по средноевропско време, се игра 51.издание на Супербоул, финалниот меч од НФЛ – лигата во американски фудбал, а силите ќе го одмерат Њу Ингланд патриотс и Атланта фалконс. Квотербекот на Њу Ингланд, Том Брејди, по седми пат ќе биде дел од големото финале, што веќе е рекорд кој долг период нема да биде достигнат.
Тоа што секако импресионира е финансискиот аспект кој го „врти“ Супербоул. Американските финансиски експерти пресметале дека целата еуфорија што ја носи Супербоул како настан, носи околу 14 милијарди долари профит низ Соединетите Американски Држави. Најголемите компании се ’тепаат’ за да добијат рекламен простор во директниот пренос, а само половина минута реклама чини неверојатни 5 милиони долари.
На полувремето од спектаклот, свое музичко шоу ќе има една од најпознатите пејачки, Лејди Гага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА