„Супербоул“ спектакл: Лос Анџелес Ремс се новите шампиони во НФЛ! (ВИДЕО)

Лос Анџелес Ремс се новите шампиони во НФЛ! Тие на својот стадион го совладаа Синсинати Бенгалс со резултат 23-20 и го освоија трофејот „Ломбарди“.

Играчите на Лос Анџелес Ремс почнаа агресивно од самиот старт, а на тој начин и ја најaвија својата решеност за победа. Квотербекот Стефорд поврза неколку успешни додавања и го воведе својот тим во црвената зона, на 20 јарди од тачдаунот. Тогаш се појави одличниот Одел Бекам кој ја фати топката што му ја испрати Стафорд, го постигна првиот тачдаун и на тој начин го доведе Ремс до водство. Геј беше сигурен изведувач на дополнителни поени, па домаќините поведоа со 7-0 на почетокот од натпреварот.

До крајот на првата четвртина и Бенгалси успеаја да постигнат гол. Младиот квотер бек Џо Бароу заврши долго додавање до првиот фаќач Чејс, кој беше запрен на 11 јарди од крајната зона. Гостите не успеаја да постигнат тачдаун, но три бода со гол од поле донесе непогрешливиот Иван Мекферсон.

 

 

На почетокот на втората четвртина, примачот на Ремс, Одел Бекам, продолжи таму каде што застана. Фантастичен улов од 35 јарди, па Бекам успеа да го донесе домашниот тим на прагот на нов тачдаун. Стафорд го пронајде Купер Кап во крајната зона кој рутински ја фати топката за нова предност од 13-3.

 

 

Домаќините максимално ја зацврстија одбраната особено на стартот од последната делница. Ваквиот пристап кон играта им овозможи резултат да остане непроменет 20-16. На пет минути до крајот на натпреварот Ремс повторно стапи во акција за нови поени. Топката отиде кај Купер Кап, кој освои нов прв пад. По неколку минути Кап фати уште две важни топки и го доведе својот тим до триумф.

Најдобар играч на Супербоул е фаќачот на домашниот тим Купер Кап. Тренерот на шампионскиот тим, 36-годишниот Шон Меквеј стана најмладиот освојувач на Супербол во историјата.

 

Се вчитува...