Супербоул спектаклот со среќен крај за Кензас, МВП наградата за Махоумс

Канзас Сити во спектакуларниот 57. Супербоул славеше против Филаделфија со 38-35 на наверојатен начин. Чифс кои имаа негатива од 24-14 на полувремето, а останаа и без Патрик Махоумс кој заработи повреда, успеаја да се вратат во игра во вториот дел од мечот, на теренот се врати и квотербекот кој на 11 секунди до крајот ја завери и победа за својот тим.

Филаделфија беше подобриот противник од самото отварање на натпреварот па сосема заслужено имаше и високо водство на полувремето, но прераното опуштање по повредата на Махоумс скапо го чинеше тимот од Истокот. Кансас стигна до целосен пресврт во последната четвртина, а потоа немаше проблем да ја зачува предноста и покрај обидот за враќање на Иглс.

За Кензас тоа е втора шампионска титула во четири години, а вкупно трета во својата историја. Патрик Махоумс беше избран за најкорисен играч на Супербоулот со 182 јарди во додавања и три тачдауна. Тој е првиот играч од 1999 година кој ја доби МВП наградата за регуларниот дел од сезоната и завршницата.

Се вчитува...