Суперхумана мисија: Рома помогна во пронаоѓање на пет исчeзнати деца

Италијанската Рома е лидер во иновативноста во социјалната одговорност и хуманитарните активности меѓу големите фудбалски клубови. Рома помогна во пронаоѓањето на пет исчезнати деца од целиот свет преку акцијата која ја спроведува при промоцијата на нови играчи. Кога ги објавува фотoграфиите со засилувањата на социјалните мрежи, Рома паралелно објавува и слика или видео-приказна од едно исчезнато дете.

Девојче од Кенија беше пронајдено благодарение на објавата на трансферот на Крис Смолинг. Покрај ова девојче пронајдено е и уште едно дете од Кенија како и две тинејџерки од Лондон и едно момче од Белгија. Рома има објавено 109 случаи во 72 видеа низ 12 земји.

Идејата дошла од директорот за клупска стратегија, Пол Роџерс кој пак се „опседнал“ со случаите на исчезнати деца преку приказната на рок бендот „Soul Asylum“ кој во видеото за хитот „Runaway Train“ имаше фотографии од исчезнати деца.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...