Во 5. коло во А групата во суперлигашката Алкалоид славеше лесна победа над Струга со 38-18, остварена во второто полувреме, откако на полувремето беше изедначено. Сепак, вториот дел избраниците на Кире Лазаров го добија со нереални 25-5, и дојдоа до петтиот триумф во сезоната.
По израмнетото прво полувреме во кое Алкалоид влезе опуштено и немотивирано, гостите го искористија и на паузата да заминат со 13-13.
Сепак, во вториот дел како на теренот да излезе еден сосема поинаков Алкалоид, растрчан, залетан, ефикасно расположен за да постигне дури 25 голови, наспроти петте на стружани, кои загубија сили да се натпреваруваат со противникот, па така на крајот претрпеа убедлив пораз.
Петковски седум гола за Алкалоид, а по пет гола Бошњак и Тренчевски за Струга беа најефикасни на средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА