Суперкомпјутер даде одговор кој е подобар – Роналдо или Меси?

Едно од прашањата кои се поставуваат секојдневно е кој е подобар Лионел Меси или Кристијано Роналдо. Професорите од универзитетот во „Левен“ и аналитичари од компанијата „SCiSports“ смислија формула по која суперкомпјутер даде одговор на тешко прашање.

„Можеме да кажеме дека вредноста на фудбалерите често се темели на постигнатите голови и асистенции. Голот е редок случај, бидејќи на натпревар просечно се играат околу 1600 акции. Нашата формула ја зема секоја од тие акции и ја смета вредноста на фудбалерите“, изјави професорот Џеси Дејвис. 

Анализата е работена во периодот од почетокот на сезоната 2013/2014 до крајот на сезоната 2017/2018, а заклучокот е дека Меси е далеку подобар фудбалер од Роналдо. Според нивната анализа вредноста на играта на Лионел Меси на еден натпревар изнесува 1.21, додека Кристијано Роналдо 0.61 што значи дека Аргентинскиот „ас“ според овие параметри е далеку покорисен за својот тим од Португалецот.

Се вчитува...