Суперкомпјутер го одреди освојувачот на Лигата на Шампиони

По денешната ждрепа во која беа одлучени осминафиналните парови во Лигата на Шампионите, а со тоа и патот до големото финале, аналитичката фирма „Опта“ објави резултати на суперкомпјутер кој ја пресмета шансата на тимовите за освојување на „ушкото“.

Најголема шанса (17.2 отсто) да се закити со трофејот има Ливерпул кој во својата прва елиминациска фаза го очекува дуел против ПСЖ. И покрај тоа што шансите на тимот предовден од Арни Слот се намалени во однос на пресметувањето по крајот на групната фаза (20.2 отсто), овој тим останува прв фаворит.

По Ливерпул следат: Барселона (15.4 отсто), Арсенал (13.6 отсто), Интер (12.7 отсто), Реал Мадрид (11.6 отсто)… Најмали шанси за освојување на трофејот имаат: Фејенорд (0.6 отсто), Бриж (0.7 отсто) и Борусија Дортмунд (0.8 отсто).

Се вчитува...