Суперкомпјутер го прогнозираше освојувачот на Лигата на Шампиони

Останаа уште осум клубови кои ќе се борат за титулата во најпрестижното клупско фудбалско натпреварување – Лигата на Шампиони, а суперкомпјутер одреди кој од нив има најголеми шанси на крајот да стане шампион.

Тоа е Манчестер Сити кој нокаут фазата ја започна со две убедливи победи против Копенхаген и вкупен резултат 6-2 со што го престигна Арсенал по процентот на шанса да стигне до одбрана на трофејот. Како потсетување, „топџиите“ по крајот на групната фаза имаа најголема „шанса“ за титула, но сега работите се променети.

„Граѓаните“ се први со шанса од 32.30 отсто, а зад нив следи Реал Мадрид со шанса од 16.87 отсто. Трет е Арсенал (13.09%), а зад англискиот тим следат: ПСЖ (11.80%), Баерн Минхен (10.75%), Борусија Дортмунд (5.62%), Барселона (5.38%) и Атлетико Мадрид (4.19%).

Се вчитува...