Суперкомпјутер ја предвиде табелата на крајот на сезоната 2024/25 во Премиерлигата, а доколку се остварат предвидувањата фановите на Арсенал и Манчестер Јунајтед ќе бидат оние кои ќе останат најразочарани.
Шампионскиот трофеј ќе остане кај актуелниот лидер на табелата Ливерпул во кој моментот има 11 бода предност во однос на Арсенал, кој и во новата сезона ќе влезе како вицешампион приредувајќи уште едно разочарување кај своите навивачи кои се надеваа дека во лошата сезона која ја има Манчестер Сити ќе биде ставен крај на долгогодишната голгота.
Манчестер Сити пак и покрај сите проблеми ќе го надмине лошиот период и во преостанатите 12 натпревари ќе забележи девет победи и три порази со кои ќе се искачи на третата позиција на табелата.
Големо разочарување ќе доживеат и навивачите на Манчестер Јунајтед со оглед на тоа што доколку се остварат предвидувањата до крајот на сезоната следат само четири триумфи, едно реми и осум порази за 16. место на табелата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

