Англиските фудбалски гиганти Челси и Арсенал ќе се сретнат во финалето на Лигата на Европа кое ќе се игра на „Олимпискиот стадион“ во Баку, Азербејџан. Дуелот на Лондонските ривали ќе привлече големо внимание, а суперкомпјутерот кој се користи за прогноза го одбра тимот кој ќе триумфира во финалето.
Тој типуваше на Челси, вклучувајќи ги во прогнозата сите фактори на играта и резултатите од сезонава. Тој на „плавите“ од Лондон им дава 60 отсто шанси за победа, додека шансите на Арсенал се на 40 отсто.
Секако треба да се истакне тоа дека за Арсенал натпреварот е далеку поважен бидејќи тие не успеаја да обезбедат Лига на шампиони преку Премиер-лигата и освојувањето на најмасовното европско натпреварување им е последна шанса, следната сезона да бидат дел од елитата.
Дали суперкомпјутерот ќе го погоди освојувачот на Лигата на Европа, останува да видиме на 29. мај кога е закажано големото финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА