Репрезентациите на Хрватска и Мароко ќе се сретнат во битката за бронзениот медал на Светското првенство во Катар. За африканската селекција тоа ќе биде историска можност да стигнат до медал на СП, а Хрватите да го повторат успехот од 1998 година.
Хрватска е фаворит и шансите за бронза и се 43,1 отсто. Процентот дека мечот ќе заврши без победник е 26 проценти, додека за победа на Мароко е 30,9 отсто.
Никогаш не се случило мечот за третото место да се решава со удари од белата точка. На досегашните 19 средби за бронзата само еднаш имало продолженија кога во 1986 година Франција ја победи Белгија со 4-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА