Суперкомпјутерот „Бетси“ пресмета дека битката за титулата во Премиерлигата ќе биде драматична. Досега борбата се води меѓу три екипи: Ливерпул, Манчестер Сити и Арсенал.
Во моментов „црвените“ водат со 63 бодови, пред граѓаните со 62, додека „топчиите“ имаа 61, и во секој случај не очекува интересен финиш.
Според пресметките на суперкомпјутерот, шампион ќе биде Арсенал и тоа со ист број на бодови со Ливерпул, но „топчиите“ ќе го кренат трофејот поради подобрата гол разлика. Тимот од Лондон ќе има девет гола повеќе од Ливерпил, и тоа ќе им го донесе златниот медал.
Третото место ќе биде резервирано за Манчестер Сити, додека Астон Вила ќе заврши како четврти и ќе дојде до Лигата на шампионите.
Од Премиерлигата ќе испаднат Лутон, Барнли и Шефилд Јунајтед, пресмета суперкомпјутерот.
Истиот суперкомпјутер пред една година исто така му предвиде титула на Арсенал, но на крајот Манчестер Сити стана првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА