Суперкуп „Драган Василов – Цевка“: Ќе успее ли Кожув да ја запре трофејната жетва на МЗТ Скопје?

Сезоната 2025/26 во кошаркарска конкуренција започнува со традиционалниот Суперкуп кој веќе неколку години го носи називот „Драган Василов – Цевка“ во чест на прерано починатиот легендарен македонски тренер.

Финалните натпревари во машка и женска конкуренција ќе бидат одиграни денеска во СРЦ „Кале“ со почеток од 17 и 19 и 30 часот и ќе бидат емитувани на МРТ3.

Први силите ќе си ги одмерат Баскет Кам и Вардар во женска конуренција, а два и пол часа подоцна ќе биде одиграно и големото финале во машка конкунреција помеѓу МЗТ Скопје и Кожув.

Бранителот на трофејот во машката конкуренција и овој пат е МЗТ Скопје кој ги освои последните шест титули во Суперкупот па Кожув ќе има тешка задача во обидот да го запре најдоминатниот тим во последнете деценија и да стигне до првиот трофеј во клупската историја.

Се вчитува...