Дали МЗТ Скопје ќе ја продолжи доминацијата во Суперкупот на Македонија или пак ТФТ ќе се запише со златни букви во престижното натпреварување ќе дознаеме денеска во СРЦ „Кале“ од 19 часот и 30 минути. Актуелниот шампон и освојувачот на Купот ќе ја отворат новата сезона во мак-баскетот за која очекувањата се дека токму овие два тима ќе ја водат и одлучната битка за преостанатите два трофеја.
ТФТ во претходната сезона успеа да го совлада МЗТ Скопје во Купот на Македонија, докажувајќи дека во „еден натпревар“ не постои изразит фаворит, додека на аеродромци им припадна полуфиналето во првенствениот дел каде ривалот беше совладан со „метла“.
Во однос на овие средби двата тима претрпеа големи промени во тимот, заминаа дел од клучните играчи па ќе биде интересно да видиме како новите засилувања ќе одговорат на првиот голем предизвик. Тренерот Петровиќ нема да може да смета на услугите на херојот од минатогодишното издание Адем Мекиќ и Еван Максвел, додека Смилковски нема вакви проблеми.
На истиот клубот од Тафталиџе влегува по натпреварот против Кемниц на квалификацискиот турнир на ФИБА Лигата на Шампиони, додека „четата“ од „Јане Сандански“ сеуште нема одиграно официјален натпревар, но во подготовките ги заврши со пет победи и еден пораз.
Покрај овој натпревар ќе биде одигран и финалниот натпревар во женска конкуренција каде во битката за трофеј ќе се најдат Бадел 1862 и Баскет Кам. Овој натпревар е во етерот од 17 часот.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА