„Суперкуп во С. Арабија е чисто с..ње, како да оставам сопруга и дете!?“

Напаѓачот на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс воопшто не е среќен што Суперкупот на Шпанија ќе се игра во Саудиска Арабија, а тоа е пракса веќе некое време.

„Го кажав тоа многу пати и не штедам зборови. За мене, играњето во Саудиска Арабија е голема глупост, ѓубре“, вели напаѓачот.

Што се однесува до неговиот настап на турнирот, кој може да биде доведен во прашање поради неговото претстојно татковство, тој ги увери сите дека ќе биде „на располагање на клубот“.

„Ќе станам татко во следните неколку дена и оставањето на сопругата и детето тука е вистинска мака, но тоа е дел од работата“, вели Инаки.

Од 7 до 11 јануари 2026 година, Суперкупот на Шпанија ќе се игра во Ријад (Саудиска Арабија). Суперкупот се игра во формат на Фајнал Фор (четири екипи) – два полуфинални натпревари и финалето.

За трофејот се борат Барселона како шампион и освојувач на Кралскиот куп од минатата сезона, Реал Мадрид како второпласиран во Ла Лига и финалист во Купот, Атлетико Мадрид како третопласиран во лигата и Атлетик, кој беше четврти во првенството.

Барселона и Атлетик се среќаваат во полуфиналето на 7 јануари, а еден ден подоцна ќе играат Реал и Атлетико. Финалниот натпревар е закажан за 11 јануари.

Од 2020 година (со кратка пауза во 2021 година), Саудиска Арабија стана постојана локација за шпанскиот Суперкуп преку повеќегодишен договор меѓу Шпанската фудбалска федерација и саудиските власти.

Некои европски лиги (на пр. Бундеслигата) веќе објавија дека нема да играат натпревари надвор од својата матична земја додека е на власт сегашното раководство, што значи дека нема да имаат натпревари во Саудиска Арабија или слично. Покрај Шпанците, и Италијанците играат во Саудиска Арабија, каде што се играше Суперкупот и оваа година. Во неодамнешното финале, Наполи ја победи Болоња и стигна до трофејот.

Се вчитува...