УЕФА Суперкупот 2017 меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед кој на 8. август ќе се игра на „Телеком арената“ во Скопје е дефинитивно најголемиот фудбалски настан за Македонија и регионот во историјата.
Вистински спектакл кој ќе го привлече вниманието на целокупната светска спортска јавност. Колкава е значењето на овој настан за Македонија, дефинитивно потврда се и бројките кои потврдуваат за придобивките од организацијата на првото големо европско клупско натпреварување во новата сезона.
Суперкупот 2017 во Скопје ќе се пренесува во живо во 216 земји (49 во Европа и 167 низ светот), а над 280 ТВ станици ќе го пренесуваат пред ТВ аудиториум од неколку милијарди луѓе.
Согласно статистичките показатели, УЕФА Суперкупот најмногу го освојувале шпански екипи, вкупно 13. пати (Барселона 5, Реал Мадрид 3, Валенсија 2, Атлетико Мадрид 2, Севиља 1), италијанските екипи триумфирале девет пати (Милан 5, Јувентус 2, Лацио 1, Парма 1), додека англиски екипи на Супер Куп трофејот се радувале седум пати (Ливерпул 3, Астон Вила 1, Челзи 1, Манчестер Јунајтед 1, Нотингем Форест 1)
Интересен е податокот дека Дани Алвеш (Севиља 2006, Барселона 2009. 2011, 2015) и Паоло Малдини како играч на Милан (1989, 1990, 1994, 2003) се фудбалери со најмногу, четири освоени титули. Натпреварот меѓу Барселона и Севилја кој заврши 5-4 е натпревар со најмногу голови, а голот на Евер Банега во третата минута е најбрз гол.
Ако веќе се анализираат бројките, тогаш сигурно меѓу поважните за нас е дека, според проценките се очекува вкупната финансиска придобивка за Македонија да биде меѓу 15 и 20 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА