Суперкупот буди спомени од „зелениковачата“ на Адем Мекиќ (ВИДЕО)

Кошаркарското Суперкуп натпреварување на Македонија кое го носи називот „Драган Василов – Цевка“ утре се враќа во СРЦ „Кале“ каде за трофејот од 19 часот и 30 минути ќе се борат МЗТ Скопје и ТФТ. Актуелниот шампион ќе има шанса за продолжување на доминацијата, додека ТФТ да стигне до првиот трофеј од овој вид во својата историја.

На истото место аеродромци го освоија трофејот во пресрет на ланската сезона, натпревар кој го одбележа голема неизвеност, а „сино-белите“ се радуваа на минимална победа против „вечниот ривал“. А, покрај неизвесноста истиот го одбележа и тројката на Адем Мекиќ од половина терен во истекот на третата четвртина.

Со 27 постигнати поени и 7 скока Мекиќ беше лидер на „сино-белите“ до трофејот, но овој пат нема да може да му помогне на својот состав поради повреда.

Се вчитува...