Суперкупот на Европа ќе се игра во Белфаст

Суперкупот на Европа меѓу Челси и Вилјареал ќе се игра во Белфаст на 11. август, потврдија од Европската фудбалска федерација (УЕФА). Првобитно беше најавено дека домаќинството ќе се пресели во Истанбул, како вид на компензација откако финалето на Лигата на шампионите место во турскиот град беше преместен во Порто.

Сепак, не дојде до измени и финалето останува да се игра во главниот град на Северна Ирска. Деталите околу продажбата на билети и колку навивачи ќе може да присуствуваат на „Винсдор парк“ ќе бидат дополнително соопштени.

Се вчитува...