Суперкупот на Германија ќе го носи името на Бекенбауер

Германскиот Суперкуп од следната сезона ќе го носи името на славниот Франц Бекенбауер, потврдија Бундеслигата и Германската фудбалска федерација. Легендарниот „Кајзер“ го освои Светското првенство како играч со Западна Германија во 1974 година на домашен терен, а истиот успех го повтори и во 1990 година во Италија како селектор.

Дресот на Германија го носеше на 103 натпревари, постигнувајќи 14 гола, а како професионалец играше за Баерн Минхен, Њујорк Космос и Хамбург.

Изумителот на улогата на либерото во фудбалот почина на 7. јануари на 78-годишна возраст во Салцбург.

Минатогодишен победник е Баер Леверкузен кој ја брани и титулата во Бундеслигата, а најмногу трофеи во витрината има Баерн Минхен вкупно десет.

Се вчитува...