Десното крило на Атлетик Билбао, Инаки Вилијамс по поразот на неговиот клуб од 0-2 од Барселона во полуфиналето на фајналфор турнирот од Суперкупот во Ријад вели дека е срамота толку атрактивни натпревари меѓу шпанските клубови да се играат на другиот крај на светот.
Тој вели дека сето ова е голем срам за шпанскиот фудбал.
„Да се играше во Шпанија, стадионот ќе беше полн со наши навивачи. Срамота е што за шпанскиот Суперкуп мораме да патуваме илјадници километри подалеку од нашата земја, навивачите и пријателите. Мислам дека е глупост што го играме ова натпреварување во Саудиска Арабија, но фудбалот е таков сега“, изјави Вилијамс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА