Суперкупот на Шпанија повторно во Саудиска Арабија

Шпанскиот Суперкуп, во кој сезонава ќе учествуваат Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Осасуна, ќе се игра во Ријад од 10. до 14. јануари 2024 година.

Ова е четврти пат натпреварувањето да се пресели во Саудиска Арабија, по изданието во 2020 година во Џеда и изданијата од 2022 и 2023 година исто така во Ријад.

Преселбата на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија е дел од договорот потпишан со таа земја, кој на на Шпанската фудбалска федерација и плаќа околу 30 милиони евра по сезона.

Во полуфиналето ќе се сретнат двата мадридски клуба, Реал (победник на Копа дел Реј) и Атлетико (трет во Примера), како и Барселона (шампион на Шпанија и бранител на титулата) и Осасуна (финалист на Купот).

Полуфиналните натпревари се закажани за 10. и 11. јануари, додека финалето е закажано за 14. јануари.

Се вчитува...