Работнички го совлада Прилеп со 29-26 во натпревар од второто коло во плеј-аут фазата од ракометната Суперлига на Македонија. Во еден израмнет натпревар гостите на средината на второто полувреме успеаја да направат предност од шест гола 27-21, што на крајот беше доволна за втор триумф во плеј-аут фазата. Тоше Ончев со десет гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Реваз Чантурија заврши со пет гола.
До леснa победa во второто коло стигна Тиквеш кој беше убедлив со Астраион 39-25, а триумфираше и Младост на гоствуањето кај Радовиш со 22-23.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА