Ракометарите на Тиквеш стигнаа до голема победа над фаворитот Металург од 40-38 и останаа во игра за последното место кое води во плеј-офот од Суперлигата. Двата тима одиграа израмнет натпревар со многу голови во кој на крајот клучно беше тоа што домаќините повеќе ја посакуваа победата. Вања Смиљаниќ со 10 гола беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај поразените се истакна Мартин Серафимов со 9 гола.
До важна победа во борбата за плеј оф стигна и Прилеп совладувајќи го на гости Бутел со 19-21. Безвременскиот Реваз Чантурија постигна скоро половина голови на својот тим (10) и со тоа го задржа тимот од Прилеп во игра за последното место во плеј офот. Кај поразените Томче Стојановски постигна пет гола.
Во последниот натпревар од денешната програма Младост Богданци триумфираше над Работнички со 36-28.
Последното коло ќе одлучи кој од тројката Пелистер 2, Прилеп и Тиквеш ќе биде последниот патник во плеј-офот од ракометната Суперлига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА