Ракометарите на Бутел стигнаа до победа од 28-27 против Прилеп во најинтересниот натпревар во 1. коло од ракометната Суперлига. Двата тима во текот на целиот меч беа во егал, а на крајот Тот беше херој за домашниот тим.
Најефикасен во составот на Бутел Скопје беше Мирко Мајиќ со осум погодоци, додека во тимот на Прилеп по шест гола постигнаа Реваз Чантурија и Христијан Милошески.
Стурга стигна до првиот триумф во новата сезона откако славеше на гостувањето кај Радовиш со 19-22. Во еден тврд натпревар со малку погодоци, гостите на крајот подобро се снајдоа и стигнаа до прва победа сезонава. Бобан Блажевски со 11 гола беше убедливо најдобар поединец на натпреварот.
РАКОМЕТ СУПЕРЛИГА РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО:
Вардар – Скопје 48-24
Пелистер – Пелистер 2 29-24
Охрид – Тиквеш 29-24
Бутел – Прилеп 28-27
Металург – Пролет 22-24
Радовиш – Струга 19-22
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА