Суперлига: Вардар и Еурофарм Пелистер ја продолжуваат „битката“ за првото место, Металург го фати последниот воз за спас на ракометната сезона

Вечерва беа одиграни три натпревари од претпоследното 13. коло во македонската ракометна Суперлига. Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога, па без поголеми проблеми со резултат од 23-31 успеа да дојде до победа против Еурофарм Пелистер 2. Новата победа беше најавена уште во првата половина од натпреварот кога на полувреме се замина со резултат од 10-14. Со овие нови поени тимот од Битола ја продолжува битката за првото место во Суперлигата против Вардар 1961. Најефикасен кај победникот беше Периќ Јосип кој зад своето име запиша единаесет, додка кај домаќините се истакна Мирчевски Симон со шест гола.

„Црвено-црните“ обезбедија победа на гости против незгодниот РК Пролет, па на овој начин ја продолжија битката за првото место во домашното македонско првенство. Во првиот дел Вардар постојано одржуваше солидна предност од два до три гола, а по 30 минути игра на полувреме се замина со резултат од 11-14 во полза на тимот на Стевче Алушевски. Вардаровите ракометари рутински го одиграа вториот дел од натпреварот, па не дозволија било какво изненадување, обезбедувајќи победа со резултат од 22-28. Најефикасни кај гостите беа Гоце Георгиевски со седум и Иван Чупиќ со осум погодоци, додека кај гостите се истакна Аларов Михаил запишувајќи пет гола.

Металург беше очигледно мотивиран во мечот против Бутел од Скопје, па домаќините остварија голма и значајна победа од 36-35 со која го обезбедија четвртото место кое што им донесе билет за пласман во Европа следната сезона. Првото полувреме во целост им припадна на ракометарите на Металург, кои покажаа апсолутна доминација остварувајќи резултат од 17-13 по само 30 минути игра. Сепак, во вториот дел се стопи предноста на домаќините, па ракометарите на Бутел ја анулираа големата негатива и намалија на само еден гола разлика. Натпреварот до самиот крај беше одигран под голема тензија и се играше гол за гол на двете страни, а металурзите успеаја да слават со минилна победа од 36-35. Кај Металург без конкуренција одиграа Златко Хорват и Калуџеровиќ Василије кои запишаа десет погодоци, додека кај гостите најдобар стрелерц беше Мојсовски Златко со девет гола.

Се вчитува...