Се приближува крајот на Супер-лигата, па се поголеми стануваат и возбудувањата во битката за што подобар пласман во пресрет на плејофот.
Викендов на програмата е шестото коло, за утре е закажан дерби дуелот Куманово – МЗТ Скопје со директен пренос на МТВ, а двете денешни средби, со старт од 18.30 часот ќе бидат емитувани во живо на ју-тјуб.
Блокотехна сезонава има максимален ефект против Гостивар, серија што тимот од Гевгелија ќе се обиде да ја продолжи и на денешниот дуел во салата „НОЕЛ“.
Работнички делува извонредно и во Супер-лигата, а по двете дерби-победи во низа над МЗТ Скопје и над Блокотехна, избраниците на Марин Докузовски се надеваат на лесен триумф пред своите гледачи против Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА