„Супермен“ се враќа на голот на Реал Мадрид

Лунин бранеше одлично на голот на Реал Мадрид во изминатите месеци, но за „кралевите“ нема дилема кој е број 1 во тимот. Затоа, со огромна радост е дочекана веста дека Тибо Куртоа е подготвен за камбек и белгискиот голман викендов ќе се појави меѓу статиците на дуелот против Кадиз.

Белгискиот репрезентативец заработи тешка повреда на коленото на 10 август, скинати беа вкрстените лигаменти и оштетен беше менискусот, по што Куртоа мина неколку месеци на патерици, по што почна со долгата рехабилитациска програма.

Тој требаше да се врати на терените кон средината на март, но на тренинг на Реал повторно го повреди менискусот, што го одложи неговиот камбек за дополнителни шест седмици. Сепак, сега се е во најдобар ред, лекарите дадоа зелено светло, а откако Анчелоти се увери во формата на Куртоа на последните тренинзи донесена е одлука тој да биде стартер против Кадиз.

За очекување е на реваншот од полуфиналето со Баерн Минхен од Лигата на Шампионите на голот да се врати Лунин, но доколку Реал се пласира во големото финале, големи се шансите Куртоа да застане на голот на „Вембли“.

Се вчитува...