Сурова реалност: Нема да му биде продолжен договорот на Васкез по трансферот на Трент

Реал Мадрид можеби нема да го продолжи договорот со Лукас Васкез.

Според Релево, клубот има сериозни сомневања за можното продолжување на договорот со 33-годишниот Шпанец, кој е до летото 2025 година.

Мадрид ќе го ангажира Трент Александер-Арнолд од Ливерпул на слободен трансфер. На лето од тешката повреда на коленото ќе се опорави и Даниел Карвахал . Ова го остава Васкез како трет избор на позицијата десен бек.

Забележана е важната, една од клучните, улога на Васкез во соблекувалната на Реал Мадрид. Сепак, продолжувањето на договорот, според правилото на Флорентино Перез – не повеќе од една година за играчи над 30 години – е доведено во прашање. Извори од клубот велат дека на Васкез ќе му биде тешко да обезбеди нов договор. Прашањето ќе се решава во мај.

Се вчитува...