„Суровиот Переира“ со нокаут ја одбрани титулата во полутешка категорија

Бразилскиот ММА борец Алекс Переира го нокаутираше Чехот Јиржи Прохашка во втората рунда на УФЦ 303 кој се одржа во Лас Вегас. Борбата заврши со нокаут на почетокот на втората рунда, кога Переира го совлада на подот Прохашка.

На судијата не му преостана ништо друго освен да ја прекине борбата и да го прогласи популарниот „Поатан“ за победник.

На овој начин го задржа шампионскиот појас и покажа дека е најдобар во светот во полутешка категорија, а ова му е втора победа во кариерата над Јиржи Прохашка.

Се вчитува...