Њујорк Никс ги победија Бруклин Нетс со 120-66 изминатава ноќ во НБА лигата. Немаше ништо од градско дерби, туку целосна доминацијата на Њујорк Никс, кои уште еднаш им покажаа на Бруклин Нетс кој е шеф во Њујорк.
Триумфот на Њујорк Никс со 54 поени разлика (120-66) е најголем во историјата на познатата франшиза!
Њујорчани загубија 9 од последните 11 натпревари и оваа победа беше многу важна за нив поради менталната состојба на тимот, но и престижот бидејќи градското дерби едноставно мора да се добие без разлика каде и кога се игра.
Ова е 13-та едноподруго победа на Никс против Бруклин. Нетсите постигнаа помалку поени во втората и третата четвртина од Никсите во првата четвртина! Во четвртата четвртина, црно-белите имаа само 10 поени и забележаа суров пораз од 54 поени.
Никси, како и обично, ги предводеше Џејлен Бренсон со 20 поени, 4 скока и 5 асистенции, додека Ландри Шемет имаше 18, Карл Ентони Таунс 14 поени и 8 скока, а Мајлс „Дус“ Мекбрајд имаше 14 поени. Џош Харт и Микал Бриџис постигнаа по 11 поени, а Ануноби и Диавара по седум поени.
Во редовите на Нетсите се истакна Мајкл Портер Џуниор со 12 поени, додека Заир Вилијамс имаше 11 и ова се единствените играчи со двоцифрен учинок во постигнувањето поени.
Кошаркарите на Торонто го победија тимот на Сакраменто со 122-109.
Тимот на Дарко Рајаковиќ до победата го предводеа Скоти Барнс и Брендон Инграм со по 23 поени, додека Сандро Мамукелашвили го заврши натпреварот со 22 поени.
Скоти Барнс постигна 14 од своите 23 поени во третата четвртина, со просек од 8/17 од поле, со осум скока, седум асистенции и четири украдени топки, што го одбележа неговиот петти натпревар по ред од најмалку 22 поени оваа сезона, неговата најдобра серија во сезоната.
Со оваа победа, Торонто славеше во Сакраменто за прв пат од 25 јануари 2023 година.
НБА – РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Кливленд 87-94
Бостон – Индијана 119-104
Њујорк – Бруклин 120-66
Мемфис – Атланта 122-124
Њу Орлеанс – Детроит 104-112
Милвоки – Оклахома 102-122
Сакраменто – Торонто 109-122
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

