Сушево по пет сета го совлада шампионот Струмица

Одбојкарите на Сушево запишаа голема победа од 3:2 (22:25, 18:25, 25:16, 25:20, 15:12) над актуелниот шампион Струмица, во локалното дерби од 8. коло од плејофот во Првата лига мажи. Ако пред месец дена кога го имаа првото соочување во оваа фаза во салата „Парк“ Сушево загуби по борба во пет сета, сега успеја пред својата публика да се реваншира. Имаа негатива од 2:0 во сетови играчите на Сушево, но тоа не ги спречи да се изборат за комплетен пресврт и важни два бода.

Лидерот Штип УГД без посериозни проблеми и со максимален резултат славеше над Работнички 71&22, додека второпласираниот Борец на гостувањето во Тетово со 3:1 го совлада Универзитет во Тетово.

Во плејаут фазата екипите на Шкендија, Лирија и Скопје се во победнички ритам во дуелите кои треба да го дефинираат пласманот во долниот дел од табелата по комплетирањето на овој дел од првенството.

ПРВА ЛИГА МАЖИ

ПЛЕЈОФ, 8. КОЛО

Сушево – Струмица 47&72   3:2 (22:25, 18:25, 25:16, 25:20, 15:12)

Штип УГД – Работнички 71&22        3:0 (25:13, 25:10, 25:15)

Универзитет во Тетово – Борец       1:3 (14:25, 27:25, 17:25, 16:25)

ПЛЕЈАУТ, 8. КОЛО

Јанта Волеј – Шкендија        0:3 (8:25, 18:25, 17:25)

Лирија – Македонија Џио    3:0 (25:18, 25:14, 25:18)

Скопје – Весна Пробиштип  3:0 (25:20, 25:21, 25:15)

Се вчитува...