Сушиќ: Тоа што Шкендија ја освои титулата со 35 бода предност од Вардар доволно кажува за овој тим

Гостите од Молдавија внимателно влегуваат во првата пресметка со Шкендија во 2. квалификациско коло за Лигата на Европа. Капитенот на Шериф Тираспол, Матео Сушиќ смета дека ќе бидат два неизвесни натпревари против тим кој и минатата сезона имаше одлични настапи во Европа.

„Очекуваме тежок натпревар против многу сериозен противник како Шкендија. Знаеме дека тимот имаше и минатата година одлични настапи во европа, има одлични индивидуалци но и компактен тим. Тоа што Шкендија стигнала до шампионската титула со 35 бода предност во однос на вториот доволно зборува за овој тим“ – вели Сушиќ, и дополнува:

„Нема да биде лесно, но ние добро ги знаеме нашите цели и секако сакаме пласман во следната рунда натпревари. Од фудбалерите на Шкендија добро го познавам Арменд Алими со кого играв заедно во Истра во Хрватска. Тој е одличен фудбалер, но Шкендија има и други квалитетни поединци пред кои ќе треба да се внимава“.

Првиот натпревар од 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите меѓу Шкендија и Шериф Тираспол се игра вечерва од 20:15 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Се вчитува...