Ракометарот на актуелниот македонски вицешампион Еурофарм Пелистер, Мохамед Суси успешно го оперираше коленото. Тој мораше да ги отстрани проблемите со повредата која ја има веќе подолг период.
Неговото враќање во тимот од Битола се очекува на почетокот на следната година, а на терените ќе се врати по репрезентативната пауза на стартот на пролетниот дел од сезоната во Македонија и Лигата на Европа.
„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека денес врз ракометарот Мохамед Суси успешно беше извршен зафат на коленото. Овој зафат беше неопходен за левиот бек да ги отстрани проблемите со повредата која ја влече подолг период. Оперативниот зафат во родниот Тунис мина во најдобар ред и наскоро Суси ќе го започне рехабилитациониот период. Искусниот бек ќе ги пропушти преостанатите четири натпревари од Европската лига и групата Б на Суперлигата до крајот на годината. Негово враќање се очекува на почетокот на јануарските подготовки за вториот дел на сезоната. На терените Суси предвидено е да заигра на пролетните натпревари во домашните и интернационалните натпреварувања“, се вели во соопштението на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА