Сусо доаѓа на „Сантијаго Бернабеу“?

Шпанскиот интернационалец од редовите на Милан, Сусо, е во преговори со европскиот првак Реал Мадрид. По казната што ја заработи Милан од УЕФА, раководството на „росонерите“ ја разгледува можноста за продажба на Сусо, кој има откупна клаузула од 40 милиони евра. Неговиот менаџер Алесандро Лучи го понудил Сусо на Реал Мадрид, а начелно постои заинтересираност и од клубот за негова преселба на „Сантијаго Бернабеу“. Се очекува по завршувањето на Светското првенство и официјално да биде реализиран овој трансфер.

За услугите на 24-годишниот крилен напаѓач се заинтересирани и Ливерпул и Атлетико Мадрид. Тој претходната сезона имаше 50 настапи во дресот на Милан, постигна осум гола и реализираше 14 асистенции.

 

Се вчитува...