Суспендирани петмина тенисери поради местење натпревари

Тениската антикорупциска програма (TACP) и Меѓународната тениска единица за интегритет (ИТИА) суспендираа пет тенисери поради местење натпревари.

Казните се однесуваат на случај од 2023 година и група од Белгија која се занимавала со местење натпревари, а во врска со истиот случај на почетокот на оваа година суспендирани се бугарскиот функционер Стефан Миланов и францускиот играч Лени Митјана.

„Осомничените лица го признаа делото и ја прифатија договорената казна. Сите тие се откажаа од правото да бидат сослушани пред независен службеник на Антикорупциската програма“, се вели во соопштението на Меѓународната тениска единица за интегритет.

Се вчитува...