Суспензии поради нелојалност: Осум фудбалери од Турција добиле забрана за игра откако одлучиле да јадат баклава!?

Спортската јавност е во шок откако одекна веста за суспензија на неколку играчи од некогашниот турски суперлигаш, а сега член на четвртата лига, Ахисарспор. Имено, претседателот на овој клуб, Еврен Озбеј, суспендирал дури осум фудбалери од причина што „покажале нелојалност кон него“.

Во Ахисарспор била во тек претседателска кампања за челното место во клубот, а неговиот противник, Микаил Каплан, ги повикал фудбалерите од првата екипа на средба и на дружење. Се појавил, речиси цел тим, но само осум играчи јаделе од баклавата која ја донел Каплан како поздрав.

Токму поради јадењето баклава, истите осум фудбалери биле суспендирани на неодредено. Сето ова се случувало додека клубот се наоѓал во финансиски проблеми и во период кога екипата немала тренер.

 

 

 

Се вчитува...