Суспензии за Бојиќ и за Караколев

Комесарот за натпреварување при МКФ, Владимир Цветковски, ги суспендираше Никола Караколев и Андрија Бојиќ со по еден натпревар неиграње поради инцидентот што се случи за време на минатонеделниот натпревар меѓу Кожув и МЗТ Скопје.

Двајцата кошаркари влегоа во сериозен конфликт за време на мечот во Гевгелија, по што судијата Митровски и на Караколев и на Бојиќ им покажа исклучувачки лични грешки, за буткање на противнички играч и остри вербални навреди, како што е наведено во делегатскиот извештај. Врз основа на тоа, како и на доставените изјави од играчите и од судијата Митровски, комесарот донесе одлука Караколев и Бојиќ да се „оладат“ за време на претстојниот викенд.

Така, МЗТ Скопје без помошта на Бојиќ ќе го пречека Куманово, додека Караколев нема да може да му помогне на гостувањето во Кавадарци против Фени индустри.

Се вчитува...