УЕФА денес ја одреди казната за Самир Насри, Французинот е суспендиран на шест месеци поради користење на допинг.
Поранешниот фудбалер на Арсенал и Манчестер сити употребувал недозволиви супстанци додека настапувал во дресот на Севилја минатата сезона. Насри во неколку наврати посетувал болница во Лос Анџелес каде му биле направени бројнi третмани, поточно во својот организам внесол имунолошки средства и тоа со изговор дека е поради дехидрирање.
Првично Насти доби две години казна од УЕФА, но по неговата жалба казната е ублажена. Како што стојат работите, фудбалерот може да се жали и на оваа казна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА