Суспензијата на Мишел Платини истекува в понеделник на полноќ. Поранешниот претседател на УЕФА имаше четиригодишна забрана за активности во фудбалот. Одредената казна му беше подолга, но по две жалби, на крајот успеа да дојде до четири години. Во 2015, Платини ја доби суспензијата поради примен хонорар за советнички услуги од тогашниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, приход за кој немаше писмен доказ.
Платини помина многу време низ разни судови. Дури и се жалеше на Судот за човекови права во Стразбур оспорувајќи ја казната.
„Како може да ти забранат да се занимаваш со фудбал“ – велеше Платини.
Она што сега ги интересира сите е што ќе прави поранешната ѕвезда на францускиот фудбал откако в понеделник ќе му заврши суспензијата. Тој вели дека секако дека ќе му се врати на фудбалот.
„Нема многу причини за славење затоа што и никогаш не мислев дека сум виновен. Фудбалот секогаш ќе биде дел од мене и јас секогаш ќе се трудам да дадам придонес“, истакнува Платини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА