Пауло Гереро сепак ќе биде во можност да го предводи Перу на претстојниот мундијал во Русија откако ФИФА реши да ја преполови казната на искусниот голгетер по позитивниот допинг тест. Само за потсетување, Гереро беше казнет со едногодишна суспензија откако во примерокот на крв по квалификацискиот меч со Аргентина беа пронајдени минимални количества од стимуланси поврзани со кокаин.
Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен тврдеше дека никогаш не користел кокаин и посочи дека поради минималните количества, најверојатно станува збор за екстракт во чајот што го пиел. Сосема неочекувано, аргументите на Гереро беа прифатени, па неговиот адвокат вечерва ја соопшти веста дека ФИФА решила да ја преполови казната (се очекува официјалната потврда до крајот на оваа седмица).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА